„Луј Витон“ е највреден моден бренд за 2018


САД– Американската консултантска компанија Interbrand неодамна ја објави листата на најдобри глобални брендови за 2018 година според која може да се заклучи дека луксузните модни куќи бележат неверојатен пораст.

На прво место од модните брендови се најде познатата модна куќа „Луј Витон“ која има пораст од неверојатни 23 проценти, а истата е на 18 – тото место во топ 100 брендови. Брендот е на врвот на листата и на најкопиран бренд во светот.

На 23 – тото место се најде познатиот и еден од омилените светски брендови „Шанел“, додека на 39 – тото „Гучи“ кои исто така бележат одличен пораст и популарност.