Куркова во агенцијата за модели „Вилхемина“
САД – „Вилхемина“, светската водечка агенција за модели и таленти со седиште во Њујорк, со задоволство најави дека ќе ја претставува Каролина Куркова.
Куркова, која е родена во Чешка, се прослави како модна икона во последниве 15 години разубавувајќи ги насловните на најпродаваните модни списанија во светот, појавувајќи се на безброј модни кампањи, глумејќи во познати филмски франшизи и покажувајќи го нејзиниот талент во светот на телевизијата. Куркова учествуваше во модни и кампањи за убавина за меѓународни клиенти како Шанел, Ив Сен Лорен, Селин, Луј Витон, Гучи итн. Таа се има појавено на над 400 модни ревии за разни дизајнери, како што се Мајкл Корс, Хелмут Ленг, Дона Каран, Марк Џејкобс и многу други. Во 2002 година Куркова беше одбрана да го носи градникот „фантази бра“ украсен со накит вреден 15 милиони долари, за ревијата на „Викторија сикрет“.