Куманово: Полициски возило удри во седумгодишно дете
Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 9.50 часот на улицата „11 Октомври“ во Куманово. Според полицијата, автомобил „фиат линеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од П.С. (44), вработен во МВР удрил во момчето, кое итно било пренесено во болницата во Куманово од каде, по извршен лекарски преглед, му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Во врска со настанот, Јавен обвинител и СВР Куманово презема мерки за утврдување на околностите и расчистување на случајот. Исто така, за настанот е информиран и одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, информираат од полицијата.