Кумановец пренесувал девојка во багажник


Царинската контрола на граничниот премин Долно Блаце на влез во Македонија, открила женско лице кое било сокриено во багажникот на автомобил. Во текот на вчерашниот ден околу 16:16 часот, во патничко моторно возило „Mерцедес“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.С.(23) од Куманово, а како сопатник била Р.Л.(19) од Косово било пронајдено едно женско лице без документи.

Од извршениот разговор лицето кое се наоѓало во багажникот изјавило дека е К.С. (20) од Косово. Лицата биле приведени за понатамошна постапка.