Крис Прат се разведува од Ана Фарис
САД- Ѕвездата на „Џурасик Ворлд“ Крис Прат и актерката Ана Фарис се разведуваат. Веста доаѓа речиси 4 месеци откако Прат и Фарис изјавија дека се разделуваат. Поранешниот пар, кои останаа пријатели по разделбата, поднесоа барање за развод во исто време. Изјавата на Фарис е речиси идентична со таа на Прат, а и двајцата побараа заедничко старателство на нивниот 5-годишен син Џек и го зачуваа правото да добиваат сопружничка поддршка.
Фарис го продолжи романтичниот живот со кинематографот Мајкл Барет.