Кривични против тројца скопјани за шверц на марихуана


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А. (44) и Ф.В. (18), двајцата од Скопје, сомничени за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Д.П. (48) од Скопје за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти МВР, на 12 јуни годинава полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени 1.004 грама марихуана. При претресот бил затекнат второпријавениот и при преглед над него биле пронајдени и одземени 294 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Истиот ден, полициски службеници извршиле претрес и во домот на третопријавениот каде пронашле и одзеле револвер „Екол Випер“, два пиштоли, 331 куршум калибар 9 мм и 14 куршуми калибар 7,62 и 39 мм, кои ги поседувал без дозвола.