Кривични за мајката, таткото и дедото на бебето кое беше оставено


Полицијата поднесе кривични пријави против мајката која го остави своето новороденче пред Домот за доенчиња во Битола, соопштуваат од МВР.
Седумнаесетгодишната мајка од тетовското село Желино ќе одговара за напуштање на немоќно лице.

Но, освен мајката за напуштањето на бебето ќе одговара и таткото на бебето, со кој девојката живеела во вонбрачна заедница, но и нејзиниот татко кој и дозволил на малолетната ќерка да живее во вонбрачна заедница со друго лице.

Таткото на бебето е дваесет и седумгодишен жител на тетовското село Долна Лешица. На 2 јули, бебето беше најдено оставено пред вратата на Домот за доенчиња во Битола каде беше згрижено. Полицијата утврди дека бебето го оставила неговата малолетна мајка од тетовско.