Кривична пријава против Беровец поради физички напад врз медицинска сестра


Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од тој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

МВР информира дека на 6 мај околу 21 часот во просториите на Итната медицинска помош во Здравствен дом во Берово, при преглед на неговата сопруга, пријавениот упатувал закани кон медицинската сестра Ш.М., по што и физички ја нападнал.