Кривична пријава за деветмина од Агенцијата за филм
Деветмина вработени во Агенцијата за филм, меѓу кои и поранешните директори Мими Ѓорѓиевска-Илиевска (46) и Дарко Башевски (54) се осомничени дека со сторена злоупотреба на службената положба и овластување го оштетиле државниот државниот буџет за повеќе од 600.000 евра.
Со пријавата, што скопската полиција веќе ја поднело до Основното јавно обвинителство, освен двајцата споменати се опфатени и лицата: И.Н. (34) од Велес, М.В. (32) од Штип, Д.Д. (47) од Скопје, И.Д. (42) од Скопје, Р.Ј. (39) од Прилеп, Г.Г. (42) од Скопје и С.Р. (36), од Тетово . Тие се сомничат дека, во повеќе наврати, од 2015 до минатата година, како раководни лица и членови на Управниот одбор на Агенцијата за филм сториле злоупотреба на службената положба и овластување и притоа го оштетиле буџетот за 38.221.716 денари.
целиот текст на правосудство.мк