Кривична за тројца Срби и двајца прилепчани за кражба во златарница во Прилеп


Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, во соработка со Единицата за имотен и насилен криминал од Секторот за општ и насилен криминал од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ , до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Д.П. (41), М.А. (35) и У.П. (38), сите од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво”, и против лицата М.К. ( 44) и В.Т. ( 44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање”.
На 25.12.2018 год околу 08.45 часот додека вработената во златара „Буба Мара“, лоцирана во старата градска чаршија во Прилеп, го поставувала излогот, второпријавениот го скршил стаклото од влезната врата со помош на чекан и влегол внатре, а по него и првопријавениот, кој вперил пиштол кон вработената и почнал да го собира златниот накит од излогот и од сефот во кој имало и торбичка со пари. Потоа, заедно со третопријавениот, кој ги чекал пред дуќанот избегале со возило Форд Фиеста. Четвртопријавениот им помагал така што им обезбедувал сместување, храна, мобилни телефони и друга логистика додека тројцата го подготвувале кривичното дело. Петтопријавениот исто така им помагал со прикривање на возилото Форд Фиеста и друга логистика. М.К. и В.Т се приведени и предадени на ОЈО.