Кривична за скопјанец кој украл возило, па го уценувал сопственикот
Кривична пријава за триесет и осумгодишен скопјанец, крадец на возило за кое подоцна уценувал дека ќе го расклопи на делови доколку сопственикот не му даде 2.000 евра.
Како што соопштија од МВР, СВР – Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против В.П. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“.
На 5 јануари годинава околу 16 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје пријавениот одзел патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Ц. (50) од Скопје, по што заминал во непознат правец. Потоа, за истото возило, со закана дека ќе го расклопи на делови доколку не му бидат дадени 2.000 евра, го принудил оштетениот да ги плати парите за да си го поврати украденото возило. На 8 јануари, три дена по кражбата З.Ц. заедно со неговиот пријател М.Р. (45) од Скопје се сретнале со пријавениот, кој откако ги добил парите им кажал дека возилото ќе било донесено кај слаткарница во Стопански Двор.
По преземени мерки и активности, од страна на МВР, на 15 фервруари 2018 година во полициска станица во Скопје, во присуство на Јавен обвинител, било извршено препознавање на пријавениот.