Кривичен: На Сашо Мијалков да не му се суди за апсењето на Љубе Бошковски


Кривичниот суд одлучи да не му се суди на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков за предметот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошковски.

Судот одлучи да им се суди на шест припадници на единицата АЛФА за апсењето на Љубе Бошковски, но не и на Сашо Мијалков.

Одлуката ја донела судијката Моника Бахчовановска, сопруга на Владимир Бахчовановски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен директор на ПУИГ, Лотарија и на други јавни претпријатија.

СЈО ја подготвува жалбата протиб ваква одлука на судот.

СЈО ги товари сите 7-мина обвинети во овој предмет за кривично дело мачење и друго сурово постапување.