Кратовец прегазен од сопственото возило


Во кратовското село Којково синоќа починал С.С.(51) откако бил прегазен од возило „Застава 750“.

Според пријавата во полицијата, С.С. бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило „Застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правец на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.

Полицијата изршила увид на местото на настанот.