Кој го уби Оливер Ивановиќ?


Приштина најави дека денеска ќе ги објави првите резултати од истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ.

Косовскиот обвинител кој ја води истрагата за убиството на Ивановиќ, Шухри Суља, во петокот изјави дека во резултатите се вклучени снимки од безбедносни камери, детали за запалениот автомобил како и форензички докази.

Тој најави дека во извештајот ќе бидат вклучени и изјави од сведоци, а досега се испитани шестмина.

Српската полиција побара да учествува во истрагата за убиството на Ивановиќ, а српското обвинителство за организиран криминал покрена и сопствена предистражна постапка.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека досега не добило ништо официјално од косовските истражни органи.