Коха: Рахој не доаѓа на Самитот бидејќи не сака фотографија со Тачи


Шпанскиот премиер Маријано Рахој нема да присуствува на самитот на Европската унија и Западен Балкан идниот месец, објави „Коха“, повикувајќи се на шпански „Ел Паис“.

„Коха“ пренесува дека шпанскиот весник објавил оти Рахој не планира да оди на тој самит бидејќи не сака да се фотографира со косовскиот претседател Хашим Тачи бидејќи лидерите на сепаратистите во Каталонија тоа може да го искористат како аргуметн во корист на независноста на таа шпанска покраина.

„Коха“ тврди дека претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск денеска ќе има средба со Рахој, на која ќе се обиде да го наговори да присуствува на самитот.