Косовското Собрание изгласа Резолуција за укинување на роамингот со Албанија


Пратениците во Собранието на Косово ја изгласаа денеска Резолуцијата за укинување на роамингот меѓу Косово и Албанија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

За Резолуцијата, која беше предложена од пратеничката група на Социајлдемократската партија (ПСД), односно од пратениците кои преминаа во оваа партија по напуштањето на Самоопределување (ВВ) на Албин Курти, гласаа 69 од 120-те членови на косовскиот Парламент.