Косово: По 10.000 евра на семејствата на загинатите во несреќата во водите на Лепенец


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, запрашан за безбедноста на полициските службеници по трагедијата со двајцата полицајци, кои ги загубија животите во водите на реката Лепенец поради, како што тврдат медиумите, неисправно службено возило, истакна дека „наследил многу тешки теми од претходните влади“.

– Работите кои не се решиле 20 години јас ги најдов на работната маса. Ќе се соочиме со нив, но за тоа треба време, нагласи Харадинај.

Косовската Влада одлучи на семејствата на двајцата полицајци, Арменд Трена и Малсор Даши, кои загинаа во несреќата во водите на Лепенец, да им додели по 10.000 евра.