Косово бара од Германија да прима сезонски работници


Косовскиот министер за труд и социјала Скендер Речица побара од Германија договор со кој ќе се овозможи вработување сезонски работници од Косово во таа земја.

Според соопштението од кабинетот на Речица, барањето го изнел на денешната средба со делегација на германското Министерство за соработка и развој, на кое министерот информирал за актуелната состојба на пазарот на труд во Косово и за напорите за намалување на невработеноста во земјата.

– Министерството за труд и социјална благосостојба на Косово чини максимални напори за постигнување договори за сезонско вработување со некои земји од ЕУ и пошироко, при што очекуваме набргу да ја имаме првата спогодба, се вели во соопштението, во кое се информира и дека германските претставници ветиле дека „Германија ќе продолжи да го помага Косово каде што ќе се јави потреба од тоа“.