Компјутерска игра за помош на заболените од деменција


Компјутерска игра за вежбање на мозокот што ја развија британските невролози се покажа дека го подобрува памтењето кај пациентите со најрана фаза на деменција.

Научниците откриле дека пациентите кои еден месец ја играле играта имаат подобрување од 40 отсто во нивните мемориски резултати.

Деменцијата е голем глобален проблем. Според Светската здравствена организација, минатата година околу 50 милиони луѓе биле заболени од деменција, а тој број брзо се зголемува.