Командир на противпожарна обвинет за комар на работно место


Полицијата поднесе кривична пријава против Г.К. (47) од Радовиш, командир на вод во радовишката Територијална противпожарна единица (ТППЕ), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.

Според пријавата, Г.К. во една од просториите на ТППЕ неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

– На 20 октомври годинава при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на ТППЕ Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин. За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен, информира Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.