Колку е часот? Прашајте ги Никол, Синди и Алесандра


Кина– Манекенките Алесандра Амбросио, Синди Крафорд и оскаровката Никол Кидман донесоа гламур и елеганција на настан во Шангај посветен на лансирањето на новата колекција женски часовници на Omega.

Како заштитни лица на брендот, славните дами беа почесни гостинки на свеченоста организирана од швајцарската компанија за луксузни часовници.

Трите ѕвезди беа облечени во црвено. 37-годишната Амбросио заведуваше во впечатлива креација од Zuhair Murad, 52-годишната Крафорд избра елегантен долг фустан со шлиц од Rasario, додека 51-годишната Кидман се појави во фустан со големи 3Д цветови од Ermanno Scervino. Секоја од нив во својот стајлинг има вклучено часовник Omega.

На славното трио му се придружи и кинеската актерка Љу Шиши, која исто така е заштитно лице на брендот. Славните убавици позираа со Рејналд Ешлиман, претседател и извршен директор на Omega.