Клоп се уште има доверба во Салах
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нагласи дека се уште има доверба во напаѓачот Мохамед Салах, иако во изминатиот период игра во послаба форма.
Ливерпул и Челзи викендов одиграa нерешено 1:1, а Салах имаше неколку добри шанси, но не успеа да реализира и во 66-та минута беше повлечен на клупата.
– Тоа сигурно не беше неговиот најдобар натпревар во кариерата. Тој е првокласен играч, но некогаш се случува да промашиш и да не успееш. Во моментов за него ова е во таков период, но нештата ќе се средат, истакна Клоп.
Салах минатата сезона беше прогласен за најдобар стрелец во Премиер лигата.