Кејт во празничен стил: Божикна забава за војниците


Англија– Принцот Вилијам и Кејт беа домаќини на божикната забава во Кесингтонската палата и се дружеа со семејствата на војниците кои нема да го поминат Божиќ дома. Војвотката од Кембриџ за оваа пригода избра гардероба во празничен дух со што ги воодушеви гостите и британската јавност.

Мекото црно џемперче од кардиган го искомбинира со здолниште со тартан дезен на дизајнерката Емилија Викстед, чии креации избираше веќе неколку пати во минатото. Тартанот е безвременско модно парче и тренд за оваа година.