Кенсингтонска палата: Принцот Хари и Меган Маркл го очекуваат првото дете


Англија– Британското кралско семејство наскоро ќе добие нов член, Меган Маркл, војвотката од Сасекс е бремена. Веста ја соопшти Кенсингтонската палата.

Според првичните информации, бебето треба да се роди идната година, на пролет. Веста е соопштена во текот на првата заедничка кралска турнеја, Меган и Хари се на 16-дневно патување низ Австралија и Нов Зеланд.

„Целото семејство е среќно за веста и сите лично им честитаа пред да заминат на нивното патување“, додаваат извори од палатата, пишува Mirror.

Досега се шпекулираше за бременоста на 37-годишната Меган, а сега веста официјално е потврдена.