Кање и Ким се селат во Чикаго?


САД– Раперот Кање Вест со сопругата, старлетата и модна икона Ким Кардашијан го напуштаат Лос Анџелес и се селат во Чикаго, велат извори од „Чикаго трибјун“.

Раперот на неговиот настап „Open Mike“ пред толпата средношколци изјави дека повторно се сели во родното Чикаго и не планира никогаш повеќе да го напушти.

Според ТМЗ, двојката веќе нашла дом во Чикаго и не планира да го продава домот во Лос Анџелес. Кање и Ким имаат три деца- Сеинт (2), Норт (5) и Чикаго (осум месеци).