Кај струмичка Водоча во две возила откриени 21 илегален мигрант


Полициски службеници, вчера, околу 21.30 часот во с.Водоча, струмичко, запреле две патнички возила – „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки и „Ауди А6“ со струмички регистарски ознаки во кои биле пронајдени 21 илегален имигрант.

Како што соопшти МВР, веднаш по запирањето на возилата, возачите на двете возила излегле и се дале во бегство, а во возилата биле пронајдени мигранти од Авганистан, Пакистан и Ирак и тоа 10 во Пасатот, а 11 во Аудито.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.