Кацарска закажа над 20 рочишта по породувањето на Јанкулоска


Судијката Добрила Кацарска ѝ порача на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да не си поигрува со судот и закажа вкупно 25 рочишта за случајот „Тенк“.

Јанкуловска која има ризична бременост не дојде на денешното рочиште. Нејзината одбрана се повика на мислењето што го даде Клиниката за гинекологија и акуштерство, дека Јанкулоска треба да мирува, се до нејзиното породување.

Кацарска ѝ одговори на Јанкулоска на јавните прозивки и рече дека како жена и мајка, по породувањето ќе ѝ остави и повеќе од 45 дена. Првото рочиште после нејзиното породување го закажа на 29 август.

На нејзината одбрана им пораќа дека тогаш нема да бидат земени во предвид никакви оправдувања и боледувања и дека доколку не се почитуваат датумите за судење ќе бидат преземени и други мерки.

(Ф.Ф.С.)