Каролина во италијански бренд ја промовира Македонија


На падините под Златоврв, високо над карпите, со прекрасен поглед, поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин смело позира за новата модна фотосесија за италијански моден бренд чие заштитно лице е . Во цветен фустан со каубојки, слично на стилот кој го носи и во приватниот живот.

Ја гледаме на сцена, ни се смее од билборди или градски автобуси, на козметички и модни каталози. Сите го копираат нејзиниот стил од улица, патување, настап… Македонскиот пазар на македонски или на интернационалните брендови не се заситува од лицето или ставата на Каролина. А и таа е расположена за снимање. Велат точна е, го почитува договорот, профес ионална е, рано станува, не се буни…

Родена битолчанка, над една деценија скопјанка, една од ретките ѕвезди со спој на убавина, стил и префинетост. Денес е препознатлива по својот стил кој значи: тренд, префинетост и мерка, стил кој никогаш не ја прави да изгледа постара и посериозна. Таков стил и професионално рекламира. (Л.С.)

Фото: Лилика Стрезоска