Камион прегази пешак во Куманово


Едно лице загина денеска во Куманово, соопшти СВР Куманово.

Според полицијата, денеска околу 14 часот на крак од улицата „Бајрам Шабани“ товарно моторно возило движејќи се наназад прегазило едно лице кое починало на лице место

Во тек е увидот на полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.