Камила Кабејо води со најмногу номинации за Европските МТВ музички награди


САД- Ѕвездата на хитот „Хавана“, родена во Куба, Камила Кабејо (21) ја предводи листата на музичари со најмногу номинации за престижните европски МТВ музички награди кои ќе се одржат на 4 ноември близу Билбао, Шпанија.

Кабејо е номинирана во шест категории , вклучувајќи ги и оние за најдобра песна, спот и музичар. Со по пет номинации се номинирани Ариана Гранде и раперот Пост Малоун, а со по четири Дрејк и Дуа Липа. Шон Мендес има три номинации.