И Кортни Кокс попушти, реши да отвори профил на Инстаграм
“Ја сакам оваа девојка”, напиша актерката Кортни Кокс под нејзината прва фотографија на Инстаграм. На фотографијата актерката е со својата колешка од “Пријатели” Лиза Кудроу.
По многу години одбивање да користи социјални мрежи, бидејќи таа претпочита да комуницира со роднините и пријателите во реалниот свет, Кокс конечно одлучи да направи профил на Инстаграм. Тоа го направи во живо на телевизија кога беше гостинка во шоуто на Елен Деџенерис.
Елен, исто така, покани една од најдобрите пријателки на Кортни, Лиза Кудроу. И двете ѝ помогнаа на актерката да остане во чекор со платформата и да ја постави својата прва слика.
“Здраво Инстаграм. Јас сум тука, иако со малку помош од моите пријатели “, се вели под фотографијата на Деџенерис со Моника и Фиби во популарната серија. Трите седнаа на троседот во Централ Парк Кафе, каде што сите „Пријатели“ поминаа многу од своето слободно време.
Кортни Кокс во моментов е ангажирана во нов телевизиски проект наречен “Девет месеци”. Таа има за цел да ги прикаже тешкотиите со кои се соочуваат неколку бремени жени и нивните посилни половини. Во врска со ова, ѕвездата рече дека социјалните мрежи ќе помогнат да ја промовира нејзината работа.