И Канческа – Милевска не им верува на телефонските разговори


Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска ги побара од судот аудио-снимките од „бомбите“ за да можела да утврди дали се автентични нејзините телефонските разговори.
И бранителката на обвинетета Канчевска- Милевска, скопската адвокатка Сања Алексиќ, рече дека побарала од Специјалното јавно обвиинтелство да ѝ бидат предадени аудио материјалите кои се дел од доказите, но дека тие не ѝ ги дале, па затоа таа ги бара снимиките од судо. т Алексиќ кажа дека разговорите им се потребни на техничките советници, односно на вештите лица кои ги ангажира одбраната, за да утврдат дали разговорите се монтирани.
За одбраната во случајот наречен „Тендери“, вештиот наод и мислење, иако напишани на 700 страници, претставуваат „топ хартија“ и за нив вештачењето е незаконско, а вештите лица беа обвинети дека немале лиценци за работа, пишува правосудство.мк.