Истражување: Годишниот одмор го продолжува животот


Финска-Според истражувањето кое е направено врз основа на наодите од Студијата за бизнисмени во Хелсинки – 40-годишен студија за следење на кардиоваскуларните фактори на ризик кај 1.222 бизнисмени – одморите не се само луксуз. Всушност, тие се многу важни за квалитетот на животот и долговечноста.

 Во студијата која започнала во 1960та година, а се реализирала до 2014 година, биле следени две групи на испитаници. Првата група живееле живот според нивните вообичаени здравствени навики добивајќи стандардна медицинска грижа, а втората група живеела во насока на подобрување на здравјето, поточно, се откажале од пушење, ја подобриле исхраната и почнале да вежбаат. Изненадувачки, втората група сеуште имале повисока смртност отколку првата група на испитаници, доколку работеле напорно, имале нарушен сон и не оделе на годишен одмор.
Професорот Страндберг понатаму објаснува дека намалување на стресот значи директно намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и продолжување на животниот век. Иако и другите фактори како добриот сон и вежбањето се многу важни, прв на листата на важност сепак е земањето на годишен одмор и земањето на помали одмори во текот на работната година.