Испукани 30 куршуми во Ченто, има повредени


Напаѓачи со полуавтоматско оружје испукале повеќе од 30 куршуми во автомобил во движење вчера во скопската населба Ченто.

Инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ“, пред Основното училиште „25 Мај“.

Повредени се две лица, едното возач на автомобилто во кој било пукано, а вториот повреден, веројатно бил случаен минувач.

Од полицијата сè уште немаат соопштено официјални информации.