Исламот не е тероризам


Голем број влади и безбедносни агенции се скептични околу крајот на војната во Сирија и поразувањето на ИСИС. Распуштањето на армијата на Исламска држава предизвикува страв поврзан со последиците од враќањето на терористите во своите домови. Овој страв не е поради пренесување на војната во Европа или во други региони, туку во однос на начинот на кој тие ќе се однесуваат во текот на подолг временски период, како и на терористичките напади што можат да ги извршат во име на религијата. Поразот на ИСИС, но нејзината моќ и влијание ја прават терористичката закана уште поопасна. Користејќи го исламот како отскочна штица за својата политика, терористичката група ја претвора религијата во контроверзна и го зајакнува тероризмот.

Терористичката активност на самопрогласените исламисти започна против нивните религиозни истомисленици низ целиот муслимански свет. Погрешно е да се заборави, поради интровертноста на Западот, дека повеќето жртви беа муслимани поради радикализацијата на екстремистичките групи. Авганистан, Ирак, Египет, Сирија, Алжир, Либија, Нигерија и други земји станаа театар на масакри врз цивили и религиозни истомисленици од страна на терористите. Сепак, овие масакри не доминираа во западните медиуми, практично оставајќи ги терористите да ја играат својата комуникациска игра сосема непречено.
Западњаците немаат капацитет да ја менаџираат и да ја разбираат улогата на „исламскиот“ тероризам. Маргинализацијата на муслиманското население против тероризмот го радикализира угнетеното население со создавање нови терористички ќелии.
Новиот потенцијален бран на терористи на Западот по поразот на ИСИС треба да ги „разбуди“ западните општества и да ги маргинализира терористите, а не муслиманите како целина. Заканата од тероризам е реална и без граници.

Потребно е да се направи разлика помеѓу религиозните и радикализираните муслимани. Она што треба да стане општо познато е дека терористите немаат никаква врска со муслиманскиот свет и дека можат да ги повредуваат своите религиозни истомисленици без никакво двоумење преку таргетирање и убивање. Нивната единствена цел е да се создаде нестабилност за да се дојде до моќ, а не за доброто на народите. Впрочем, постои конкретен доказ за тоа како се однесуваат кон луѓето што ги контролираат – силувајќи, убивајќи и лишувајќи ги од нивните (понекогаш дури и основни) слободи.

Балканот им го пресекува патот на терористите. Вниманието на безбедносните сили треба да се фокусира на спречување на терористичките јадра и заштита на здравата муслиманска популација која е активна во балканските општества.

Спиридон Сидерис