Иранската телевизија го цензурираше логото на Рома
Иранската национална телевизија го цензурираше логото на италијанскиот фудбалски клуб Рома при преносот на натпреварот од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ) против Барселона.
Иранскиот канал замати дел од грбот на римскиот клуб, односно не се гледаа градите на волчицата која ги храни Ромул и Рем, според легендата за основачите на градот.
Претставниците на италијанскиот клуб одбија да ја коментираат оваа постапка на Иранската телевизија.
Рома на „Камп ноу“ во првиот натпревар од четвртфиналето беше поразена со убедливи 4:1.