Изгубил на фудбал, па го нападнал голманот


Изнервиран поради загубен фудбалски натпревар, 22-годишен вевчанец физички го нападнал голманот не една од екипите.

Како што соопшти МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела  кривична пријава против Д.Ш. (22) од село Вевчани, струшко за сторено кривично дело „насилство“.

На  29 август 2018 година во струшкото село Драслајца, по завршувањето на фудбалски натпревар, пријавениот,  изреволтиран  поради изгубениот натпревар, физички нападнал 20 годишно лице кое на натпреварот учествувал како голман на една од екипите.