Изгореле 30 јагниња во пожар во село Форино


Во пожар што вчера попладене избувнал во штала на 39-годишниот Љ.И. од гостиварското село Форино игореле добиток и сено. Штетата се проценува на близу 30 илјади евра.

Според СВР Тетово, огнот се појавил околу 17 часот и брзо се проширил низ шталата. Во огнената стихија изгореле 30 јагниња и 2.700 бали добиточна храна (јонџа), сопственост на неговиот чичко А.И.(55), со кого заеднички го користеле објектот.

Извршен е комплетен увид, а вкупната материјална штета се проценува на 1,6 милиони денари.

Засега не е познато кои се причините за пожарот, се е работи на нивно утврдување и на околностите во кои се случил.