ЗОИ 2018: Добивме еден куп кондоми, што би правеле друго со нив?


Организаторите на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг обезбедија 110.000 бесплатни кондоми за 2.925 спортисти, или 37 во просек по човек, што претставува најголема бројка досега. Кондомите се производ на јужнокорејската компанија „Конвиниенс“, која ќе дистрибуира за 10.000 парчиња повеќе од игрите во Ванкувер во 2010 година и во Сочи во 2014 година.

„Тоа се зимски игри, ладно е. Како поинаку би се згреале“, изјави скијачот Стив Најман.

„Се случува! Што би правеле друго кога на едно место имате згодни спортистки и спортисти со фантастични тела во тесни хеланки. Нормално дека ќе има секс“, вели Џон Дејли од САД, кој се натпреварува во Скелетон во Пјонгчанг.

„Добивме еден куп кондоми, што би правеле друго со нив?“, вели Џои Мантиа за „Космопилитен“.