ЗОИ 2018: Американката Нагасу изведе троен аксел (видео)


Американската лизгачка од јапонско потекло Мираи Нагасу на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг изведе троен аксел, елемент кој ретко се гледа во женска конкуренција.

Тоа е еден од најтешките елементи во овој спорт, а Нагасу стана првата Американка која го извела на зимските игри и трета лизгачка во историјата.

Иако тројниот аксел таа го изведе за време на тимското натпреварување, сепак тимот на САД дојде само до бронзата, додека Русите беа втори, а Канада е новиот шампион.