Зендаја е новиот глобален амбасадор на „Томи Хилфигер“


САД– Поп-ѕвездата Зендаја (22) е новио глобален амбасадор на американскиот моден бренд „Томи Хилфигер“ кој е проценет на 5 милијарди долари. Сопственикот Томи изјави дека капсулна модна колекција „Томи и Зендаја“ ќе биде лансирана на пазарот во февруари, идната година, а напролет стартува кампањата со зендаја како глобален амбасадор.

-Таа е музичар и модна икона на црвениот килим и е исклучителна личност. Затоа ја избравме Зендаја, која глуми во новото продолжение на „Супермен“.

Топ-моделот Џиџи Хадид претходно беше заштитното лице на капсулната колекција на брендот.

Зендаја, пред да стане поп-ѕвезда, како девојче била манекенка на познатата стоковна куќа „Мејсис“.