Земјотрес почувствуван во Охрид


Земјотрес со магнитуда од 2,3 степени по Рихтер, денеска во 12 часот и 40 минути во охридското епицентрално подрачје регистрирала телеметриската мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот е на неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец, а почувствуван е од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ во Скопје.