За 28 февруари закажано судењето за „Тортура“
Кривичниот суд за 28 февруари го закажа судењето за случајот на СЈО „Тортура”, во кој се обинети поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата на крајот за апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Во оваа постапка првообвинет беше поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Но, судот делумно го прифати обвинението на СЈО и според донесената одлука, ќе им суди само на шетмината од единицата „Алфа”, но не и на поранешниот прв човек на УБК.
На оваа одлука СЈО поднесе жалба и сега Апелацискиот суд треба да одлучи дали обвинителниот акт ќе се однесува и на Мијалков.