Загина велосипедист во Тетовско


Жител на тетовско Долно Седларце (51) починал откако, додека возел велосипед, бил удрен од автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички што го управувал 22-годишен жител на Тетово.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, несреќа се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово Брвеница. При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт.

Увид на местото на несреќата е извршен.