Заврши претресот во куќата на Миленко Неделковски


Завршен е претресот во куќа во скопско Ржаничино, во сопственост на Миленко Неделковски, јавува Телма повикувајќи се на полициски извори.

Од куќата се одземени компјутер и телефон на Неделковски кои ќе бидат дадени на вештачење и на анализа во рамки на постапката на обвинителството.

Денеска по пријава од одделот за компјутерски криминал и форензика на МВР, обвинителството отворило постапка за да утврди дали заканувачки пораки со говор на омраза се дело на Тв водителот. Се вршат проверки, а лицето е повикано на разговор, соопштија од обвинителството.