„Жолтите елеци“ со фекалии ги гаѓаа полицајците


Француската полиција се соочи со ново оружје за време на протестите на „жолтите елеци’ – вреќички со фекалии беа фрлани од страна на демонстрантите кон полицијата.
Во саботата „вреќички со фекалии беа фрлани врз полицајците и експлодираа“.
Тројца полицајци беа извалкани со нив, вели Руди Mана од Синдикатот на полицијата во Марсеј, пренесе АФП.
Еден полицаец го повреди лактот, криејќи се од „проектил полн со фекалии“, велат од марсејската полиција.
Како што пренесува TheLocal.fr инциденти имало и во градот Монпелје на југот од земјата.
Полицијата вели дека преку социјалните медиуми граѓаните се повикувале да се „вооружат со кака-бомби“, таканаречени молотови коктели полни со фекалии, што на француски се вика „кака“.
„Полицајците беа длабоко понижени“, вели Мана, а ни еден од сторителите не е идентификуван, со оглед на тоа дека се криеле во метежот на демонстрациите во Марсеј.
Во саботата се одржа 16 протест на демонстрантите од „жолтите елеци“, што од ноември до сега протестираат секоја сабота, а како „оружје“ се користеа и камења и други проектили.
Според властите близу 40.000 луѓе учествувале на протестот.
До сега 11 луѓе загинаа за време на демонстрациите кои почнаа како отпор кон зголемувањето на даноците за гориво, но прераснаа во револт на луѓето од малите градови и селата против францускиот претседател Емануел Макрон.