Жител на село Горна Бањица починал во пожар


Осудесетитригодишен старец во село Горна Бањица, гостиварско, починал најверојатно од задушување со чад откако во собата каде што престојувал избувнал пожар.

Полицијата соопшти дека вчера во 14:30 часот во село Горна Бањица, гостиварско, во неговата куќа бил пронајден починат М.Ш. (83).

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.