Жители на Ѓорче Петров се собраа на протест откако дете настрада во сообраќајка


Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собираат на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата „Борис Сарафов“.

Детето е пренесено во болница но се уште не се знае каква е неговата здравствена состојба.Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица. Во моментов, полицијата врши увид на несреќата.