Животна драма на Баричело: Го болело глава, му откриле тумор


Бразилскиот возач на „Формула 1“, Рубенс Баричело ја води најтешката битка во својот живот. Во февруари годинава му е откриен тумор, но тој досега не сакаше да ја сподели веста со медиумите и со навивачите. Од тогаш е во болница, а во емотивното интервју за бразилски „Глобо“ говори за голготата низ која минува.

„Се разбудив едно утро, тргнав да се туширам и одеднаш во главата почуствував силна и остра болка. Имам чувство дека главата ќе ми експлодира, паднав на подот и дури по неколку минути успеав да се соземам и да ја замолам сопругата да ми помогне. Тоа беше неиздржлива болка. Мојот пријател – лекар веднаш знаеше дека работата е сериозна. Чудо е што воопшто сум жив. Докторите ми рекоа дека преживуваат само 14 проценти од луѓето што имаат ваков проблем“, сведочи Рубичело.