ЕУ: Осуда на настаните на Косово, Белград и Приштина да покажат воздржаност


Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ остро ги осудува денешните случувања во Косово, по апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.

– Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово, изјави Коцијанчич.

Таа додава дека сите прашања од заеднички интерес мора да се решаваат со дијалог со кој посредува ЕУ и чија конечна цел е нормализација на односите меѓу Србија и Косово.